ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ВО ОХРИД ОДЛОЖЕН ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ ГОСТИ ВО ГРАДОТ

    ИЛИНДЕНСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ВО ОХРИД ОДЛОЖЕН ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ ГОСТИ ВО ГРАДОТГодинашниот маратон ќе се одржи во некој од наредните викенди (Фото: СДК.МК)

    Организаторите одлучија да го одложат 41. издание на Илинденскиот пливачки маратон, кој се одржува во Охридското Езеро.

    „Поради зголемениот број туристи во Охрид и специфичните состојби со почитување на протоколите и мерките на заштита од коронавирусот, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2 август, како што претходно беше најавено. Годинашниот маратон ќе се одржи во некој од наредните викенди во август, а точниот термин ќе биде дополнително соопштен”, рекоа организаторите.

    Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровители се градоначалникот  и Општина Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира