ИСЛАНД Е НАЈМАЛАТА НАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

    ИСЛАНД Е НАЈМАЛАТА НАЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВАДве години по дебито на европските, Исланд првпат ќе игра и на светските првенства (Фото: АП)

    Исланд го слави првиот пласман на своите фудбалери на светските првенства, само две години по дебито на европските првенства, кога во Франција беа и едно од најпријатните изненадувања, стигнувајќи до четврт-финалето.

    Со победата над Косово од 2:0, Исланд го потврди првото место во И-групата, а со тоа и директниот пласман на Мундијалот во Русија, каде што ќе стане најмалата нација која досега настапила на светските првенства. Исланд брои само 335.000 жители, со што ќе го преземе рекордот од Тринидад и Тобаго (1,3 милиони), по што следуваат Северна Ирска (1,85), Словенија (2,08), Јамајка (2,89)…

    „Ова е навистина чудно, не знам што кажам. Видете кој сѐ играл на светските првенства, Пеле, Марадона, а сега и Арон Ејнар Гунарсон“, изјави селекторот Хеимир Халгримсон, алудирајќи на својот капитен.

    Халгримсон, кој работи и како забар, ја презеде селекторската палка од Ларс Лагербек по ЕП 2016, за да ја продолжи исландската бајка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари