ИТАЛИЈА ПЛАНИРА ДА ПРОДОЛЖИ СО ФУДБАЛОТ НА 13 ЈУНИ

    ИТАЛИЈА ПЛАНИРА ДА ПРОДОЛЖИ СО ФУДБАЛОТ НА 13 ЈУНИКлубовите од Серија А се вратија на тренинг во почетокот на месецот (Фото: Гети)

    Италијанската Серија А планира да ја продолжи сезоната на 13 јуни, за што ќе биде потребно и одобрение од владата.

    Водството на лигата преку видеоконференција го договори датумот за продолжување на натпреварите, согласно владини одлуки и медицински протоколи.

    Клубовите од Серија А се вратија на тренинг во почетокот на месецот, но играчите смеат да работат индивидуално. Колективни тренинзи ќе бидат дозволени од понеделник.

    Лигата беше прекината на 9 март и преостанува да се одиграат уште 12 кола. Италија е една од најтешко погодените европски земји од пандемијата, при што имаше и заразени фудбалери. Минатата недела, тројца фудбалери на Фиорентина и еден на Торино имаа позитивен тест.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари