Ќе нема странска публика на летната Олимпијада и Параолимпијадата во Токио годинава, соопштија организаторите. Мерката се носи поради загриженост од ширењето на ковид-19.
Јапонските власти им кажале на комитетите на Олимпијадата и Параолимпијадата дека е „многу веројатно оти влезот во земјата нема да биде дозволен“.
Според организаторите, овој чекор ќе обезбеди „безбедни и сигурни Олимписки игри за сите учесници и за јапонската публика“.
Летната олимпијада требаше да се одржи лани, но поради ковид пандемијата беше одложена, па нов термин е 23 јули 2021.