Германската фудбалска федерација соопшти дека се договорени клучните точки од можниот ангажман на Јирген Клоп како нов селектор на националниот тим. Двете страни изразија уверување дека преговорите со неговиот моментален работодавач Ред Бул ќе завршат успешно.
Официјалните разговори се одржаа во Њујорк меѓу поранешниот тренер на Ливерпул и претседателот на федерацијата Бернд Нојендорф. На состанокот присуствуваше и потпретседателот Ханс-Јоаким Вацке, кој одблиску соработуваше со Клоп за време на нивниот заеднички престој во Борусија Дортмунд.
Клоп во моментов престојува во Соединетите Американски Држави каде што работи како стручен ТВ коментатор за време на Светското првенство. Тој претходно го потврди својот интерес да го наследи Јулијан Нагелсман, кој си поднесе оставка по елиминацијата на Германија во шеснаесетфиналето од селекцијата на Парагвај.
Според информациите од федерацијата, разговорите поминале во конструктивна атмосфера, а преговарачкиот процес за финализирање на договорот продолжува во текот на следната недела.
Во полуфиналето на Светското првенство ќе играат: Франција-Шпанија и Англија-Аргентина.



