КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСРоналдо е во изолација и немал симптоми (Фото: АП)

    Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус, објави Португалската фудбалска федерација.

    „Тој е добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација“, соопшти Федерацијата.

    Португалија утре се среќава со Шведска во Лигата на нации, но останатите репрезентативци ќе може да играат откако имале негативни тестови. Освен овој меч, Роналдо сигурно ќе ги пропушти и следните две средби на Јувентус: против Кротоне во Серија А и против Динамо Киев во Лигата на шампионите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира