ЛЕГЕНДАРНИОТ КОЛУМБИСКИ ФУДБАЛЕР ФРЕДИ РИНКОН ПОЧИНА ПО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

    ЛЕГЕНДАРНИОТ КОЛУМБИСКИ ФУДБАЛЕР ФРЕДИ РИНКОН ПОЧИНА ПО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌАРинкон играше на три светски првенства во 1990-ите (Фото: Гети)

    Легендарниот колумбиски фудбалер Фреди Ринкон почина од последиците на сообраќајна несреќа. Автомобилот што го возеше 55-годишниот Ринкон беше удрен од автобус во понеделникот во Кали, при што тој се здоби со тешки повреди на главата и лекарите му даваа мали шанси за преживување.

    Ринкон постигна 17 гола на 84 натпревари за колумбиската репрезентација, со која играше на светските првенства во 1990, 1994 и 1998 година. Беше предводник на златната генерација на колумбискиот фудбал и постигна незаборавен гол против Западна Германија на СП 1990.

    Во Европа настапуваше за Парма, Наполи и Реал Мадрид, а во Бразил за Палмеирас, Сантос, Крузеиро и Коринтијанс, со кој во 2000 го освои Светското клупско првенство.

    „Со голема тага се простуваме од нашиот идол, нашиот капитен. Вечно во нашите срца“, објави Коринтијанс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира