ЛЕГЕНДАТА НА ФОРМУЛА 1 НИКИ ЛАУДА ПОЧИНА НА 70 ГОДИНИ

    ЛЕГЕНДАТА НА ФОРМУЛА 1 НИКИ ЛАУДА ПОЧИНА НА 70 ГОДИНИКариерата и животот на Лауда беа обележани со тешката несреќа во 1976 година, по која направи чудесен камбек на патеките (Фото: АФП)

    Трикратниот светски првак во Формула 1 и една од најпрепознатливите фигури во автомобилистичкиот спорт Ники Лауда почина на 70 години. Легендарниот Австриец, на кого во август му беше пресаден бел дроб, починал мирно вчера, објави неговото семејство.

    Тој беше светски шампион со Ферари во 1975 и 1977 и потоа со Мекларен во 1984 година и неговата кариера беше обележана со чудесен камбек по страотната несреќа за време на Германското гран при во 1976 година, од којашто излезе со тешки изгореници.

    Последниве години, тој основа и водеше авиокомпанија и помогна да се лансира кариерата на Луис Хамилтон, кој денес е најуспешниот Ф-1 возач.

    На 1 август 1976 година, само една година откако ја освои првата титула, Лауда претрпи изгореници од трет степен на главата и лицето и вдиша токсични гасови откако неговиот болид се запали на патеката Нирбургринг. Иако му се даваа мали шанси дека ќе преживее, Лауда, сè уште во завои, се врати на патеките по само 40 дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари