ЛОС АНЏЕЛЕС ГО СЛАВЕШЕ КОБИ БРАЈАНТ НА ПРВИОТ МЕЧ НА ЛЕЈКЕРС ПО НЕГОВАТА СМРТ

    ЛОС АНЏЕЛЕС ГО СЛАВЕШЕ КОБИ БРАЈАНТ НА ПРВИОТ МЕЧ НА ЛЕЈКЕРС ПО НЕГОВАТА СМРТЛеброн Џејмс одржа емотивен говор пред почетокот на средбата со Портланд (Фото: АП)

    Играчите на Лос Анџелес лејкерс се вратија на терен пет дена по хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џана и уште седум лица и целиот меч се претвори во ода за еден од најголемите кошаркари на сите времиња.

    Логото КБ беше отпечатено на игралиштето во „Стејплс центарот“, а играчите на Лејкерс излегоа на терен во дресовите со број 8 и 24, во чест на Коби.

    Тимските колешки на Џана Брајант седеа во првиот ред покрај теренот (Фото: АП)

    Откако Ашер емотивно ја изведе песната „Amazing Grace“, на публиката ѝ се обрати Леброн Џејмс, но го фрли на земја ливчето со претходно подготвениот говор, затоа што „сакаше да зборува од срце“.

    Играчите на Лејкерс излегоа на терен во дресовите со број 8 и 24 (Фото: Гети)

    Првото нешто што ми паѓа на ум е семејството. Кога ќе погледнам низ арената, сите сме скршени и тажни. Коби ми беше како брат. Една работа што ја делевме беше посветеноста кон победа. Сакам да го продолжам неговото наследство, не само оваа година, туку додека играм кошарка. На ова вечерва гледам како на прослава, прослава на 20 години пот, солзи, повреди и неброено многу часови работа за да стане голем колку што можеше да биде. Вечерва славиме дете кое дојде тука на 18 години, се повлече на 38 и стана најдобар можен татко во последните три години“, кажа Џејмс.

    Брајант загина додека патуваше со својата 13-годишна ќерка Џана на тренинг и нејзините тимски колешки седеа покрај теренот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари