МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД АВСТРИЈА НА ДЕБИТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД АВСТРИЈА НА ДЕБИТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОГоран Пандев го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства. (Фото: Твитер/УЕФА)

    Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на дебито на европските првенства.

    Во Букурешт, Австријците поведоа преку Лајнер во 18. Минута, по што Пандев израмни за Македонија десет минути подоцна. Грегорич со голот во 78. минута ја врати предноста за Австрија, а Арнаутовиќ го постави конечниот резултат во 89. минута.

    Австрија уште еднаш покажа дека е незгоден противник за македонската репрезентација, откако претходно двапати нè победи во квалификациите за ова европско првенство.

    Следниот натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство е повторно во Букурешт, на 17 јуни против Украина, а последниот меч од групата Ц го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира