Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди учество на Европското првенство кое во втората половина од годинава ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Македонските одбојкари вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје во рамките на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство ја совладаа репрезентацијата на Турција со 3:1 во сетови. Претходно нашата репрезентација двапати ја победи Босна и Херцеговина, а загуби во првиот натпревар против Турција.
Со денешната победа Македонија се најде на второто место во групата и заедно со Турција како првопласирана избори пласман на Европското првенство. Оваа е вторпат наша одбојкарска репрезентација да игра на едно големо натпреварување откако пред две години за првпат играше на Европското првенство во Словенија.