МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ЕЛИМИНИРАНИ ВО ПРВАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ПРВПАТ ПО 22 ГОДИНИ

    МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ЕЛИМИНИРАНИ ВО ПРВАТА ФАЗА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ПРВПАТ ПО 22 ГОДИНИВо Виена, „црвено-жолтите“ победија само на првиот меч, против Украина, со голот на Кире Лазаров во последната секунда. (Фото: Фејсбук)

    Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Австрија со пораз од домаќинот со 32:28 во третото коло од групата Б. Македонските ракометари не успеаја да ја поминат првата фаза само на дебито на европските првенства, пред 22 години во Италија.

    Во Виена, „црвено-жолтите“ победија само на првиот меч, против Украина, за потоа да загубат од Чешка, која игра подоцна со Украина, но тој меч за нас нема значење.

    „Долг е патот ако сакаме да направиме добра репрезентација. Дали со мене или без мене, не знам. Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме на едно првенство со подмладување на репрезентација“, изјави селекторот Данило Брестовац по мечот со Австрија.

    Од нашата група, Австрија сигурно оди понатаму со максимални шест бода.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира