МЕДВЕДЕВ ПРВ, ЃОКОВИЌ ПАДНА НА ТРЕТОТО МЕСТО НА АТП-ЛИСТАТА

    МЕДВЕДЕВ ПРВ, ЃОКОВИЌ ПАДНА НА ТРЕТОТО МЕСТО НА АТП-ЛИСТАТАМедведев нема да игра на Вимблдон, но ќе ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ (Фото: Гети)

    Данил Медведев го замени Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП-листата на две недели до почетокот на Вимблдон, на кој што Русинот нема да може да игра. Поради одлуката да им забрани настан на руските и на белоруските тенисери и тенисерки, Вимблдон беше казнет од светските тениски асоцијации, па таму нема да се доделуваат рејтинг поени.

    И покрај тоа, Медведев ќе го зголеми своето водство во однос на Ѓоковиќ, кој ќе изгуби многу поени како бранител на титулата. На најновата ранг-листа, Србинот падна на третото место, откако пред него излезе и Александер Зверев, кој пак нема да игра на Вимблдон поради тешката повреда на глуждот.

    За првпат од ноември 2003, на првите две места на АТП-листата ги нема Ѓоковиќ, Роже Федерер, Рафаел Надал или Енди Мареј.

    Медведев првпат се искачи на врвот во февруари годинава, но кратко се задржа. Тој сега има 1.180 поени повеќе од Ѓоковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира