МИ СЕ СМРЗНА КРВТА КОГА МИ КАЖАА ДЕКА МОРА ДА СИ ОДАМ ОД БАРСЕЛОНА, РЕЧЕ МЕСИ НИЗ СОЛЗИ

    МИ СЕ СМРЗНА КРВТА КОГА МИ КАЖАА ДЕКА МОРА ДА СИ ОДАМ ОД БАРСЕЛОНА, РЕЧЕ МЕСИ НИЗ СОЛЗИМеси веќе ги почнал преговорите со ПСЖ (Фото: ЕФЕ)

    Лео Меси изјави дека трансферот во Пари Сен-Жермен (ПСЖ) е можност, потврдувајќи го своето заминување од Барселона на емотивната прес-конференција на „Камп ноу“, на која постојано плачеше. Меси е принуден да ја напушти Барселона по 21 година бидејќи клубот поради правилата на шпанското првенство не може да си го дозволи договорот кој претходно бил постигнат.

    „Јас и моето семејство бевме убедени дека ќе останам овдека, дома. Јас со ова завршувам со овој клуб и почнувам нова приказна. Да, ова е еден од најтешките моменти за мене. Не сакав да го напуштам клубот и ова е момент што не го очекував. Лани сакав да си одам, сега сакав да останам. Ми се смрзна крвта кога ми кажаа дека мора да си одам. Затоа сум многу тажен и сè уште се обидувам да го прифатам сето ова“, изјави 34-годишниот Меси.

    Тој веќе ги почнал преговорите со ПСЖ, каде што би преминал без обесштетување.

    „Тоа е можност, но засега ништо не сум договорил со никого. Неколку клуба се заинтересирани и засега само се разговара“, кажа Меси.

    „Л‘Екип“ објави дека Меси вечерва или утре ќе има лекарски прегледи во Париз, а новинарот Диего Монроиг откри дека ПСЖ ја резервирал Ајфеловата кула за вторник, што се поврзува со промоцијата на Меси.

    Меси ја напушта Барселона по 778 настапи и 672 постигнати гола и со освоени десет титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампионите меѓу вкупно 35 трофеи.

    „Ја завршувам мојата кариера овдека со големо количество трофеи. Предложив да ми ја намалат платата за 50%, но клубот има огромен долг и не беше возможно да останам“, заклучи Меси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира