МИ ЗДОСАДИЈА ПАРИТЕ, ЖЕНИТЕ И КОЛИТЕ, ПА СТАНАВ ПОП, ВЕЛИ ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

    МИ ЗДОСАДИЈА ПАРИТЕ, ЖЕНИТЕ И КОЛИТЕ, ПА СТАНАВ ПОП, ВЕЛИ ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД„Не ми се допаѓаа нештата со кои е се опкружени фудбалерите - пари, ноќни клубови и вниманието од жените. Тоа беше фино некое време, но кога стигнав во доцните 20-ти, почнав да се чувствувам незадоволно“, вели Малрејн.- Малрејн (десно) во дресот на Манчестер Јунајтед (Бирмингем пост)

    Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед откри зошто се откажа од сјајот и гламурот на Премиер лигата и стана свештеник. Филип Малрејн играше заедно со Дејвид Бекам, Пол Сколс и Рој Кин во Јунајтед, но на почетокот на оваа година стана католички свештеник.

    Малрејн, кој има 39 години, беше дел од тимот на Јунајтед при освојување на ФА Младинскиот куп во 1995 година, заедно со Филип Невил, но само пет пати настапи за сениорскиот тим на „Олд Трафорд“, пред да премине во Норвич во 1999 година.

    И покрај заработувачката од 10.000 фунти неделно во Норвич, и покрај тоа што се забавуваше со моделот Никол Чепмен, поранешниот играч од средниот ред, беше несреќен со гламурозниот живот како фудбалер во Премиер Лигата.

    Мелрејн сега призна дека не го добил исполнувањето кое го сакал од животот како фудбалер.

    Од церемонијата во која Малрејн стана католички свештеник во мај годинава

    Тој за Тајмс изјави: „Не ми се допаѓаа нештата со кои е се опкружени фудбалерите – пари, ноќни клубови и вниманието од жените. Тоа беше фино некое време, но кога стигнав во доцните 20-ти, почнав да се чувствувам незадоволно. Ја сакав играта, ги сакав тренинзите. Животниот стил ми носеше задоволство, но не нешто што ќе трае. Купував три до четири коли годишно, бидејќи ми беше здодевно и секогаш сакав повеќе. Истото беше и со облеката и со куќите. Почнав да се прашувам, зошто го правам ова!? И одговорот беше дека ништо не беше доволно. Постојано бев немирен и мислев дека овој вид живот ќе ме направи среќен“.
    Малрејн прв пат се почувствувал празен и престанал да игра во 2009 година. Тој се вратил во Северна Ирска за една година, со намера да се врати во Англија и да најде друг клуб по неговата кратка пауза. Но, тоа никогаш не се случи.

    „Почнав да си поставувам подлабоки прашања. Мојот идентитет беше заробен, меѓу тоа надворешно да бидам фудбалер и да не знам кој сум всушност. Тогаш донесов радикална одлука во 2009 година, да земам пауза од една година од фудбалот и да се вратам во Ирска. За време на таа година ја открим мојата вистинска вокација и повторно ја најдов мојата вера. Откако тоа стана фокус во мојот живот, веќе не можев да се вратам на фудбалот“, вели Малрејн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира