МУКАЕТОВ ЕДНОГЛАСНО ДОБИ ТРЕТ МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА

    МУКАЕТОВ ЕДНОГЛАСНО ДОБИ ТРЕТ МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈАМукаетов дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 (Фото: СДК.МК)

    Живко Мукаетов едногласно доби уште еден мандат и во наредните четири години ќе биде претседател на Ракометната федерација на Македонија.

    Генералниот директор на „Алкалоид“ дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 година, на местото на Михајло Михајловски и на денешното изборно собрание со акламација од присутните делегати му беше доверен трет мандат. Тој беше и единствениот кандидат за претседател, откако сите домашни ракометни клубови во изминатиот период му изразија поддршка.

    Откако Мукаетов е претседател на РФМ, машката ракометна репрезентација нема пропуштено ниедно големо натпреварување, настапувајќи на пет светски и четири европски првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира