НА ГАЛИЧИЦА ЗА ПРВПАТ ВО РЕГИОНОТ ЌЕ СЕ ТРЧА МАРАТОН НА 100 КИЛОМЕТРИ

    НА ГАЛИЧИЦА ЗА ПРВПАТ ВО РЕГИОНОТ ЌЕ СЕ ТРЧА МАРАТОН НА 100 КИЛОМЕТРИНа ланското прво издание на Охрид ултратреил имаше 140 учесници

    За првпат во овој регион, во мај следната година ќе се организира трка на планината Галичица во должина од 100 километри, со старт и финиш во Охрид.

    Од 22 до 24 мај, Охридско-преспанскиот Регион ќе биде домаќин на новото издание на Охрид ултратреил, во рамките на кој ќе има три трки, што ќе се одвиваат на планината и во националниот парк Галичица, соопштија организаторите.

    Исто така, ќе се трчаат 62 километри од Свети Наум преку целиот гребен на Галичица до Охрид, како и покуса трка од 18 километри.

    „Минатата година, Охрид треил го имаше своето премиерно издание со трките на 60 и 35 километри, на кои имаше 140 учесници. Овие настани претставуваат нова гранка во авантуристичкиот туризам, нудејќи колективна тура по планински терен”, велат организаторите.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари