Рафаел Надал се повлече од полуфиналето на Вимблдон поради повреда на стомакот, овозможувајќи му на Ник Кирјос да игра во своето прво гренд слем финале.
Освојувачот на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос прими лекарски третман за време на четвртфиналниот дуел со Тејлор Фриц, но успеа со болки да стигне до победата во пет сета.
„Цел ден мислев каква одлука да донесам. Доколку играв, повредата очигледно ќе се влошеше. Немаше смисла да играм и тажен сум поради тоа“, кажа Надал.
Тој потврди дека има скинат стомачен мускул, поради што не би можел да игра уште два меча на Вимблдон.
Во неделното финале, Кирјос ќе игра со победникот од мечот Новак Ѓоковиќ-Камерон Нори.