Норвешките фудбалери и фудбалерки во иднина ќе бидат еднакво платени додека настапуваат за својата репрезентација, објави тамошниот фудбалски сојуз.
Се верува дека ова е прв ваков случај во светот на фудбалот.
Сумата што отсега ќе ја добиваат репрезентативките со тоа беше речиси удвоена, од 300.000 на 575.000 фунти.
„Ви благодариме што го правите овој чекор за женските спортисти. Ова е голема работа, бидејќи го играме истиот спорт како мажите, а помалку сме платени“, изјави крилото на норвешката репрезентација, Каролине Грем Хансен.
Првиот човек на синдикатот на фудбалерите, Јоаким Валтин, вели дека ова е прв договор од таков вид во светот.
„Норвешка е земја каде што еднаквоста е многу важна, па така треба да биде и во спортот. Важно е што девојките знаат дека се почитувани“, кажа Валтин.
За разлика од машката репрезентација, Норвешка е веселила во женскиот фудбал и досега двапати беше светски и еднаш европски првак.