ОХРИДСКИ МАРАТОН НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА НА ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

    ОХРИДСКИ МАРАТОН НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА НА ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈАОхридскиот маратон и во минатото често се соочуваше со финансиски проблеми (Фото: СДК.МК)

    Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, објави претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски.

    Стојановски кажа дека маратонот не може да се одржи поради блокираната сметка на федерацијата, што, како што додаде, се должи на лошото финансиско работење на претходното раководство. Оваа манифестација традиционално се одржуваше под покровителство на претседателот на државата.

    Охридскиот маратон и во минатото често се соочуваше со опасноста да не се одржи поради финансиски проблеми, но неговата традиција сепак остана непрекината од 1992 година.

    На ланското 34. издание победија Французите Аксел Рејмон и Ошан Касањол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира