ОСУММИНА МАРАТОНЦИ ЌЕ ПЛИВААТ НА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН, ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ Е НАЈВАЖНО ШТО ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА

    ОСУММИНА МАРАТОНЦИ ЌЕ ПЛИВААТ НА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН, ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ Е НАЈВАЖНО ШТО ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТАОрганизаторите најавуваат дека маратонот ќе изгледа светски (Фото: СДК.МК)

    Само осуммина пливачи од пет земји ќе бидат дел од Охридскиот маратон, кој ќе се одржи на 10 септември. На 25-километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ќе се натпреварува далеку помал број маратонци оти Пливачката федерација на Македонија поради блокираната сметка се откажа од организацијата, по што Општина Охрид и Агенција за млади и спорт ги обезбедија средствата потребни да се продолжи долгата традиција.

    Технички организатор на 35. издание на маратонот е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“. Советот на Општина Охрид обезбеди два милиона денари, а дел од трошоците ќе се покриваат преку спонзорства. Имињата на пливачите ќе се соопштат дополнително.

    „И покрај тоа што времето за организација беше доста кратко, ќе имаме успешен маратон. Ќе изгледа светски и ќе биде пример како треба да се организира секој нареден маратон“, кажа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

    Тој најави дека од октомври ќе започнат подготовките за следното издание на маратонот и нема да се дозволи во иднина да се доведе во прашање неговото организирање.

    Два дена порано ќе се одржи изложба на фотографии за сите пливачи кои биле дел од оваа спортска манифестација и ќе има презентација на документарен филм за охридските пливачки легенди.

    С. ВРЕНЦОВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира