ПАРТИЗАН И ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ИГРАА ПРЕД 15.000 ГЛЕДАЧИ СРЕДЕ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО СРБИЈА

    ПАРТИЗАН И ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ИГРАА ПРЕД 15.000 ГЛЕДАЧИ СРЕДЕ ЕПИДЕМИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО СРБИЈАФудбалот во Србија може да се игра во присуство на гледачи откако српската влада ја укина забраната за големи јавни собири (Фото: РАС)

    Фудбалерите на Партизан се пласираа во финалето на Купот на Србија откако со 1:0 го совладаа својот вечен ривал Црвена звезда, на натпреварот што, според српските медиуми, се играше пред 15.000 гледачи. Тоа беше јубилеен 200. меѓусебен дуел на двете белградски екипи.

    И покрај тоа што натпреварот се играше среде епидемијата на коронавирусот и по големо невреме во Белград, навивачите на двете екипи ги исполнија трибините и приредија пеколна атмосфера.

    Фудбалот во Србија може да се игра во присуство на гледачи откако српската влада неодамна ја укина забраната за големи јавни собири.

    Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 66 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка заразени порасна на 12.031, додека починале 251 лице.

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари