ПОЛ ПОГБА ПОБАРАЛ ТРАНСФЕР ОД МАНЧЕСТЕР, САКА ВО РЕАЛ МАДРИД

    ПОЛ ПОГБА ПОБАРАЛ ТРАНСФЕР ОД МАНЧЕСТЕР, САКА ВО РЕАЛ МАДРИДПогба не се појави на стартот на подготовките на Манчестер (Фото: Шатерсток)

    Пол Погба побарал од Манчестер јунајтед да биде продаден ова лето, изјави неговиот менаџер Мино Рајола.

    Се верува дека еден од најдобрите француски играчи сака да се пресели во Реал Мадрид, чиј тренер Зинедин Зидан, исто така, е заинтересиран за овој трансфер.

    „Сите во Јунајтед, од тренерот до сопственикот, ја знаат желбата на Пол. Сите се свесни за неговата волја да си замине и ние работиме на тоа. Сите знаат каде се чувствата на Пол“, изјави најмоќниот европски менаџер.

    Погба не се појави на стартот на подготовките на Манчестер, но од клубот уверуваат дека тој ќе патува со екипата за Австралија на претсезонската турнеја. Рајола вели дека се сомнева во тоа.

    „Не можам да ви кажам ништо за тоа. Јас живеам од ден за ден“, рече тој.

    Погба има договор со Манчестер до 2021 година и засега не е познато колкава сума би барал клубот за него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира