ПРЕКИНАТИОТ МЕЧ АЛБАНИЈА-МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ДОИГРА ДЕНЕСКА, АЛБАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ХОТЕЛ ВО СКАДАР

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Скадар,(разниизвори)

    ПРЕКИНАТИОТ МЕЧ АЛБАНИЈА-МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ДОИГРА ДЕНЕСКА, АЛБАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ХОТЕЛ ВО СКАДАР

    Прекинатиот фудбалски натпревар Албанија-Македонија ќе се доигра денеска со почеток од 14 часот, потврди УЕФА. Квалификацискиот меч за Светското првенство во Русија што се играше во Скадар беше прекинат во 77. минута при резултат 1:1 поради невреме и, според правилата, мора да се доигра во наредните 24-48 часа. За време на дискусијата со претставниците на УЕФА, Македонија барала остатокот од натпреварот да се игра во 12 часот, а домаќините барале да биде во 16 часот, па донесена е одлука почетокот за доигрување на последните 15-тина минути да биде во 14 часот.
    По прекинувањето на натпреварот, македонските фудбалери се вратија во својот хотел во Скадар, но албанските репррезентативци седнаа да вечераат во ресторанот во рамките на стадионот „Лоро Боричи“, додека да им биде најден нов хотел за да преспијат.
    Албанската фудбалска федерација резервирала хотел во Скадар само за минатата ноќ, па мораа да бараат ново сместување. На крајот, АФФ успеа да обезбеди хотел за фудбалерите во Бушат, близу Скадар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира