ПРОТИВ УКРАИНА ОДИМЕ НА ПОБЕДА, НЕМА ВЕЌЕ ШТО ДА ЗАГУБИМЕ, КАЖА ПАНДЕВ

    ПРОТИВ УКРАИНА ОДИМЕ НА ПОБЕДА, НЕМА ВЕЌЕ ШТО ДА ЗАГУБИМЕ, КАЖА ПАНДЕВЗа денешниот меч со Австрија, Пандев рече дека е големо искуство за нашата репрезентација. (Фото: Твитер/УЕФА)

    Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, кој денеска го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства, по мечот со Австрија кажа дека следниот натпревар против Украина треба да го одиграме отворено, да одиме на победа, бидејќи веќе нема што да загубиме.

    „Сигурно дека шансите не се загубени. Треба сега добро да се одмориме, да се подготвиме за Украина. Нè чека уште еден тежок натпревар. Треба да го одиграме овој натпревар отворено, да одиме на победа, бидејќи немаме веќе што да загубиме“, изјави Пандев по денешниот меч во Букурешт, кој заврши со победа на Австрија од 3:1.

    За денешниот меч со Австрија, Пандев рече дека е големо искуство за нашата репрезентација.

    „Ова е големо искуство за нас, како за прв настап на европско првенство. Одигравме одлични 80 минути, Австрија физички се многу помоќни од нас, имаат добра клупа. Знаевме дека ако издржиме првите 15-20 минути, имавме неколку контри што требаше  подобро да ги искористиме, но тоа е фудбалот. После примивме несреќен втор гол и мислам дека тука натпреварор беше решен“, кажа Пандев.

    Следниот натпревар на македонската репрезентација на Европското првенство е повторно во Букурешт, на 17 јуни против Украина, а последниот меч од групата Ц го игра на 21 јуни во Амстердам против Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира