РАКОМЕТАРИТЕ ЈА ПОБЕДИЈА ШВАЈЦАРИЈА И ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ПЛАСМАНОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ ЈА ПОБЕДИЈА ШВАЈЦАРИЈА И ЌЕ ГО ПОДОБРАТ ПЛАСМАНОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОИ покрај победата, Македонија не продолжува со настапите на ЕП

    Македонските ракометари со победа го завршија настапот на Европското првенство во Германија. Во последното коло од А-групата, тие ја совладаа Швајцарија со 29:27, противник кој претходно одигра нерешено со Франција.

    И покрај победата, Македонија не продолжува со настапите на ЕП, што беше јасно и пред дуелот со Швајцарија. Сепак, третото место во групата носи поволности во квалификациите за следното Светско првенство, а и ќе се подобри конечниот пласман во однос на претходното ЕП, на кое што Македонија заврши на 22. место, откако не освои ниеден бод.

    По убедливите порази од Франција и Германија, оваа генерација ракометари го одигра најдобриот меч на големите натпреварувања, забележувајќи ја првата победа во групната фаза на светските и европските првенства по осум порази во серија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира