РАУЛ ГО НАПУШТА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР И ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА ПСЖ

    РАУЛ ГО НАПУШТА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР И ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА ПСЖГо презема најбогатиот светски ракометен клуб. - Раул Гонсалес (Фото: Л‘Екип)

    Раул Гонсалес ја напушта клупата на европскиот ракометен првак Вардар по завршувањето на сезоната и ќе го преземе најбогатиот светски ракометен клуб, Пари Сен-Жермен, објави францускиот спортски весник „Л‘Екип“.

    Шпанскиот тренер, кој, истовремено, е и селектор на машката репрезентација на Македонија, потпиша тригодишен договор со клубот што минатата сезона го совлада во финалето на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн. На крајот на сезоната, тој ќе го наследи легендарниот хрватски тренер Звонимир Сердарушиќ, кој не ги исполни амбициите на богатите катарски газди.

    Гонсалес го презеде Вардар во 2014 година како релативно непознато тренерско име, имајќи предвид дека до тогаш работел само како асистент. Со Вардар освои вкупно десет трофеи, а круна на неговата работа во клубот беше сензационалното освојување на Лигата на шампионите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира