РОНАЛДО НЕ ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, НО ПРИЗНА ДЕКА НЕГОВИОТ МУНДИЈАЛСКИ СОН ЗАВРШИЛ

    РОНАЛДО НЕ ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, НО ПРИЗНА ДЕКА НЕГОВИОТ МУНДИЈАЛСКИ СОН ЗАВРШИЛРоналдо се расплака откако Португалија изгуби од Мароко (Фото: АП)

    Кристијано Роналдо призна дека неговиот сон за освојување на светско првенство завршил, но не објави повлекување од репрезентацијата на Португалија. Триесет и седумгодишниот Роналдо се расплака откако неговата селекција изгуби од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

    „Нема потреба од избрзани одлуки. Многу работи беа кажани и напишани, со многу работи се шпекулираше, но никогаш, ни за момент, не ја доведов во прашање мојата посветеност кон Португалија. Секогаш сум бил само уште еден Португалец кој се бореше за сечиј гол. Никогаш не би им свртел грб на моите соиграчи и на мојата земја“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

    Пред СП, тој одби да потврди дали Катар ќе биде негово последно големо натпреварување и кажа дека веќе гледа кон Европското првенство во 2024. Неговата последна објава имаше двосмислен крај.

    „Засега, толку имам да кажам. Ти благодарам, Португалија, ти благодарам, Катар! Сонот беше убав додека траеше, тој сон сега заврши“, додаде Роналдо, кој не беше во почетниот тим за мечевите со Швајцарија и Мароко.

    Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња моментално е без клуб откако Манчестер јунајтед му го раскина договорот. Тој ќе има 41 година кога ќе се игра следниот мундијал во САД, Канада и Мексико.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира