САМО ЕМИЛ ПАВЛОВ Е СИГУРЕН ПАТНИК ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ВО ШПАНИЈА 

    САМО ЕМИЛ ПАВЛОВ Е СИГУРЕН ПАТНИК ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ ВО ШПАНИЈА Емил Павлов не настапи нд изборното првенство на Карате федерацијата во Штип оти учеството на Светското првенство го обезбеди со освојуањето европска шампионска титула.- (Фото: СДК.МК)

    Од македонските каратисти само годинашниов европски шампион во карате од Нови Сад и носителот на златниот медал од шампионатот на стариот котнинент од Тампере пред три години, Емил Павлов е сигурниот патник за светското првенство што ќе се одржи во ноември во Мадрид, Шпанија кое ќе се бодува и за учество на Олимпијадата во Токио. Павлов учеството на Светското го обезбеди со титулата најдобар во Европа.

    На денеска одржаното изборно првенство во Штип, Карате федерацијата им даде можност на најдобрите шеесетина каратисти во Македонија да се подготват за бодовниот турнир за Светското првенство и престојаната Олимпијада во Јапонија што ќе се одржи наредниот месец на отвореното првенство на Германија.

    На денеска одржаното изборно првенство во Штип, Карате федерацијата им даде можност на најдобрите шеесетина каратисти во Македонија да се подготват за бодовниот турнир за Светското првенство и престојаната Олимпијада во Јапонија што ќе се одржи наредниот месец на отвореното првенство на Германија. (Фото : СДК.МК)„Тоа ќе биде последна проверка и можност на македонските каратисти да остварат учество за светското првенство во Шпанија и поени за Олимпијадата во Јапонија затоа што големиот меѓународен турнир во Берлин веќе е ставен како бодовен за светското во Мадрид и Олимпијадата во Токио. Таква можност им се укажува на 50 македонските каратисти кои веќе го пријавија учеството во Германија“, вели селекторот на репрезентацијата Сашко Арсовски.

    Изборниот турнир во Штип го следеше и претседателот на МОК Васил Тупрковски.

    Емил Павлов кој не настапи на изборниот турнир во Штип веќе прави секојдневни тренинзи во Штип и како што вели пеколно се подготвува за турнирот во Германија каде очекува да ги освои првите бодови за Олимпијадата во Токио. Тој тренира заедно со клупскиот другар Жарко Арсовски кој шансата за светското првенство во Шпанија ја гледа токму во турнирот во Германија.

    Т. ЈОВАНОВ

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари