САРИ ВО ЈУВЕНТУС, АЗАР ВО РЕАЛ – ЧЕЛЗИ ВО ИСТ ДЕН ОСТАНА БЕЗ ТРЕНЕРОТ И НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ

    САРИ ВО ЈУВЕНТУС, АЗАР ВО РЕАЛ – ЧЕЛЗИ ВО ИСТ ДЕН ОСТАНА БЕЗ ТРЕНЕРОТ И НАЈДОБРИОТ ИГРАЧЕден Азар се сели во Реал за најмалку 100 милиони евра (Фото: Ројтерс)

    Челзи во ист ден остана без тренерот Маурицио Сари и без најдобриот играч Еден Азар, кои ќе ги продолжат кариерите во Јувентус, односно во Реал Мадрид.

    Азар заминува во Реал во трансферот чија вредност би можела да стигне до 160 милиони евра. Тој се согласи да потпише петгодишен договор со неделна плата од 400.000 фунти и ќе биде претставен на 13 јуни.

    „Заминувањето од Челзи ми беше најголемата и најтешка одлука во кариерата досега. Се надевам дека разбирате дека сакам да почнам ново поглавје“, напиша Азар на Фејсбук.

    Тој одигра 352 натпревари и постигна 110 голови за Челзи откако дојде од Лил во 2012 година, станувајќи еден од најдобрите играчи во Европа. Почетната цена на трансферот е 100 милиони евра, но Челзи би можел да добие уште 60 милиони низ бонуси.

    Во исто време, и тренерот Сари доби раскин на договорот и во наредните три сезони ќе го води Јувентус, кој се надева дека нема да мора да плаќа обесштетување. Сари, чиј менаџер е нашинецот Фали Рамадани, го водеше Челзи само една сезона и му го донесе трофејот на Лига Европа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари