СÈ БИ ПОВТОРИЛ, КАЖА ФЕДЕРЕР ПО ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРАТА

    СÈ БИ ПОВТОРИЛ, КАЖА ФЕДЕРЕР ПО ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО КАРИЕРАТАИ Федерер и Надал плачеа по завршувањето на мечот (Фото: АП)

    Расплаканиот Роже Федерер му кажа збогум на професионалниот тенис откако на Купот Лејвер во Лондон го одигра последниот меч во кариерата. Четириесет и едногодишниот Швајцарец доби долги овации додека го напушташе теренот откако претходно најави дека ова ќе му биде последен настап како професионален тенисер.

    Ова беше прекрасен ден. Среќен сум, но и тажен“, кажа Федерер.

    Тој плачеше додека се гушкаше со Рафаел Надал и другите тенисери, а над 17.000 гледачи му го скандираа името. Се расплака и неговиот најголем ривал Надал, со кого Федерер играше во тандем на својот последен меч.

    Иако немаше играно од минатогодишниот Вимблдон и во меѓувреме имаше три операции на коленото, Федерер успеа да издржи три долги сета, пред да изгуби од Џек Сок и Френсис Тијафоу со 4:6, 7:6, 9:11. Тоа беше 1.750. официјален меч за Федерер во неговата 25-годишна кариера.

    Ова беше совршено патување. Сè би повторил“, кажа Федерер.

    Федерер го имаше професионалното деби на 16-годишна возраст во 1998, а првата гренд слем титула ја освои на Вимблдон во 2003. Последниот, 20. гренд слем триумф го оствари на Отвореното првенство на Австралија во 2018. На првото место на АТП-листата првпат се искачи во 2004 и таму помина вкупно 310 недели. Тој најави дека планира да остане во тенисот. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира