СЕ ПРЕКИНУВА И ФУДБАЛСКАТА СЕЗОНА ВО МАКЕДОНИЈА

    СЕ ПРЕКИНУВА И ФУДБАЛСКАТА СЕЗОНА ВО МАКЕДОНИЈАСите домашни лиги запираат на неодредено време (Фото: СДК.МК)

    Домашните фудбалски првенства се прекинуваат на неодредено време поради коронавирусот, одлучи денеска Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија.

    Ова ќе ги опфати Првата и Втората лига, третите лиги, женскиот шампионат и футсал лигата.

    „Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од КОВИД-19, што опфаќа забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници“, се вели во соопштението на ФФМ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари