СЕ РАСПЛАКАВ ЗАШТО ДОЖИВЕАВ ЕМОТИВЕН КОЛАПС, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО 10. ТРИУМФ ВО АВСТРАЛИЈА

    СЕ РАСПЛАКАВ ЗАШТО ДОЖИВЕАВ ЕМОТИВЕН КОЛАПС, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО 10. ТРИУМФ ВО АВСТРАЛИЈАЃоковиќ кажа дека последните две недели му биле многу тешки (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ изјави дека се расплакал во ложата на својот тим по победата во финалето на Отвореното првенство на Австралија зашто доживеал емотивен колапс по огромниот излив на ментална сила во изминатите две предизвикувачки недели.

    Ѓоковиќ го совлада Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 и по десетти пат славеше во Мелбурн, со што го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 освоени гренд слем титули. Тој се врати во Мелбурн една година откако беше депортиран од Австралија, а во текот на турнирот се мачеше се повреда на тетива.

    Кога отидов во ложата, емотивно се распаднав и силно се расплакав во прегратката со мајка ми и брат ми. Тоа ми се случи зашто сè до тој момент не можев да си дозволам вниманието да ми го одвлекуваат работи надвор од теренот или повредата. За да останам фокусиран од ден за ден ми требаше огромна ментална енрегија“, кажа Ѓоковиќ по мечот.

    Тој призна дека оваа година бил понервозен од обично во Австралија по ланските лоши искуства.

    Не знаев како ќе ме примат луѓето, но ова беше многу позитивно искуство. Би можел да кажам дека ова е најголемата победа во мојата кариера“, кажа 35-годишниот српски тенисер.

    Тој од утре повторно ќе биде светски рекет број еден и кажа дека е мотивиран да освои уште гренд слем титули.

    Во оваа фаза од кариерата, трофеите ми се најголема мотивација и привилегија е да се биде дел од дискусиите за тоа кој е најголемиот играч на сите времиња. Немам намера да запрам тука, се чувствувам одлично“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира