Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин синоќа гледаше бокс на скопскиот плоштад Македонија, каде што деновиве се одржуваше регионалната бокс лига.
Во вчерашното финале меѓу две српски екипи, Црвена Звезда ја победи Лозница со 16:6 и ја освои шампионската титула.
Претходно, во полуфиналето, Црвена Звезда беше подобра од Железничар од БиХ, додека Лозница го победи хрватскиот тим Витези.