СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ЗА 100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО ГРАДОТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЧИНИ

    СТАДИОНОТ ВО ШТИП ЌЕ ДОБИЕ НОВА ТРИБИНА ЗА 100 ГОДИНИ ФУДБАЛ ВО ГРАДОТ, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЧИНИГрадскиот стадион целосно ќе биде готов догодина (Фото: СДК.МК)

    Западната трибина на Градскиот стадион во Штип веќе е срушена и на нејзино место се гради нова трибина за 2.000 гледачи. Градскиот стадион целосно ќе биде готов догодина, кога штипскиот фудбал и ФК Брегалница го одбележуваат 100. роденден.

    Целосната реконструкција на стадионот е заеднички проект на Општината и на Фудбалската федерација на Македонија, а во првата фаза беа поставени нов тренажен терен и рефлектори. Како што е договорено со актуелната локална власт, новата трибина ќе биде финансирана од ФФМ преку проект на УЕФА, а Општината заедно со новите донатори имаат обврска да ја изградат другата трибина.

    Ниту ФФМ, ниту општинските кофинансиери не откриваат колку чини овој проект, но штипската фудбалска јавност е задоволна што стадионот се гради по сите европски норми, со желба Брегалница да го прослави својот 100. роденден со некој меѓународен натпревар.

    ФФМ вакви проекти реализира и на градските стадиони во Охрид, Прилеп, Битола, Тетово и Чаир.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира