СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ЈА СЛАВЕА ТИТУЛАТА НА АРГЕНТИНА ВО РОСАРИО, РОДНИОТ ГРАД НА МЕСИ

    СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ ЈА СЛАВЕА ТИТУЛАТА НА АРГЕНТИНА ВО РОСАРИО, РОДНИОТ ГРАД НА МЕСИЦелиот град се обедини во прославата на титулата што Аргентина ја чекаше 36 години (Фото: АФП)

    Стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Росарио, родниот град на Лео Меси, за да ја прослават третата светска титула на Аргентина, освоена во спектакулараното финале со Франција.

    Луѓето почнаа да се собираат набргу откако Меси го крена трофејот на крајот на Светското првенство во Катар и останаа на улиците до доцна навечер, при што се заборави на локалното фудбалско ривалство помеѓу Сентрал и Њуелс, додека целиот град се обедини во прославата на титулата што Аргентина ја чекаше 36 години.

    Сите три гола во финалето ги постигнаа играчи кои потекнуваат од Росарио: два даде Меси, кој ја почна кариерата во Њуелс олд бојс, а еден додаде Анхел ди Марија, кој играше за локалниот ривал Росарио Сентрал.

    Ние сме шампиони, тоа е она што сите го сакавме, а најмногу за Меси и целиот тим“, изјави локалниот жител Сантијаго Ферарис.

    Ова е лудило и ги надминува сите мои очекувања. Сите слават, сите сме обединети“, додаде 28-годишниот Херемијас Реголо.

    Аргентина ја заслужи оваа среќа, по сето она лошо што се случува во земјата“, кажа 21-годишниот Родриго Медина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира