„ЦР7 ДЕН“ ВО ЈУВЕНТУС – ИЛЈАДНИЦИ ФАНОВИ ГО ПРЕЧЕКАА РОНАЛДО ВО ТОРИНО

    „ЦР7 ДЕН“ ВО ЈУВЕНТУС – ИЛЈАДНИЦИ ФАНОВИ ГО ПРЕЧЕКАА РОНАЛДО ВО ТОРИНОТорино денеска беше во еуфорија поради првото доаѓање на Роналдо (Фото: АФП)

    Јувентус прогласи ден на ЦР7, во очекување на еден од најголемите трансфери во историјата на италијанскиот фудбал.

    Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо денеска и официјално стана член на Јувентус, по девет извонредни сезони во дресот на Реал Мадрид и илјадници фанови му посакаа добредојде во Торино, уште кога тој утрово дојде на лекарски прегледи.

    Роналдо потпиша четиригодишен договор, со неделна плата од повеќе од 500.000 евра.

    „Ова е еден од најдобрите клубови на светот и ова беше добро промислена одлука. Мои пријатели ми кажаа дека Јувентус е клуб во кој би можел да играм. Тоа ја олесни мојата одлука“, кажа Роналдо на презентацијата во клубот.

    Тој повторно ќе го носи дресот со број седум, што ќе му го предаде Хуан Квадрадо.

    „Реал Мадрид беше блескава приказна и ова сега е еден сосема нов чекор. Ќе работам напорно и ќе бидам мотивиран. Сакам нови предизвици, се надевам дека ќе биде добро. Сè уште сум доста млад, иако играчи на моја возраст често одат во Катар или Кина“, кажа тој, додавајќи дека ќе продолжи да игра за португалската репрезентација.

    Тој се надева дека ќе му помогне на клубот да ја освои Лигата на шампионите. На тренинзите ќе се приклучи на 30 јули.

    „Една од причините зошто го избрав Јувентус е што тука добив стоечки овации кога последен пат играв. Горд сум што клубот покажа интерес за мене“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира