ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ МЕЃУНАРОДЕН НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НБА-КОШАРКАРОТ ЕНЕС КАНТЕР ЗА УЧЕСТВО ВО ДРЖАВЕН УДАР

    ТУРЦИЈА ИЗДАДЕ МЕЃУНАРОДЕН НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА НБА-КОШАРКАРОТ ЕНЕС КАНТЕР ЗА УЧЕСТВО ВО ДРЖАВЕН УДАРЕнес Кантер е голем критичар на турскиот претседател Ердоган (Фото: АФП)

    Турските обвинители издадоа меѓународен налог за апсење на НБА-кошаркарот Енес Кантер, кого го обвинуваат за поврзаност со вооружени групи, за кои велат дека стојат зад неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година.

    Кошаркарот на Њујорк никс, кој го опиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како диктатор, ги негира овие обвинувања и стравувајќи од турски шпиони, не отпатува со тимот за Лондон, кадешто денеска требаше да игра НБА-натпревар.

    Турција му го поништи пасошот на Кантер во 2017 година и тој престојува во САД со зелена карта.

    „Постојат шанси дека би можел да бидам убиен во Лондон. Турската влада нема приложено ниту еден доказ за своите обвинувања. Јас во САД немам ниту една казна за погрешно паркирање и секогаш сум бил примерен граѓанин“, изјави Кантер.

    Повеќе од 50.000 луѓе беа уапсени, меѓу кои и таткото на Кантер, кој е универзитетски професор, по крвавиот пуч во Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира