УЕФА ЈА ПРЕКИНА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ВО ВТОРНИК ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    УЕФА ЈА ПРЕКИНА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ВО ВТОРНИК ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОЗасега е нејасно кога европските натпреварувања би можеле да продолжат (Фото: Гети)

    УЕФА донесе одлука да се прекине натпреварувањето во Лигата на шампионите и Лига Европа поради кризата со коронавирусот.

    Мечевите што требаше да се играат на 17 и 18 март се одложени, исто како и ждрепката за следното коло, што беше закажана за 20 март. Ова ќе ги опфати и осминафиналниите средби од Лигата на шампионите Манчестер сити-Реал Мадрид, Јувентус-Лион, Барселона-Наполи и Баерн-Челзи.

    УЕФА за следниот вторник закажа итен состанок на сите 55 членки, на кој ќе се дискутира за судбината на Европското првенство. Една од опциите е негово одложување за 2021 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари