УТРЕ СЕ ТРЧА СКОПСКИОТ МАРАТОН

    УТРЕ СЕ ТРЧА СКОПСКИОТ МАРАТОНЛани за време на маратонот беше нападнат активист со транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“

    Скопскиот маратон утре ќе се одржи по 13. пат, овојпат со рекордни над 8.500 учесници од 52 земји. Покрај маратонската трка на 42 километри, ќе се трча полумаратон и трка на 5 километри.

    Mногумина носеа обележја на Шарената револуција за време на ланскиот маратон. (Фото: СДК.МК)

    Изминатите две години Скопскиот маратон не остана имун на политиката. Во 2015 година беше откажан поради случувањата во Диво насеље, а минатата година се случи инцидент на стартно-целната рамнина на Плоштадот Македонија каде активист со транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“ беше физички нападнат, а транспарентот му беше одземен и искинат.
    Истовремено, меѓу учесниците на маратонот можеше да се забележат и поддржувачи на „Шарената револуција“ со обележја на маиците, нозете и рацете.

    Фото: СДК.МК

    Стартот на маратонската и полумаратонската трка е со почетокот до 8:30 часот , додека 15 минути подоцна стартуваат учесниците на патеката од 5 километри. Поради маратонот, утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира