ВАРДАР ПРОТИВ ФЕНЕРБАХЧЕ, ШКЕНДИЈА ПРОТИВ МИЛАН ВО ПЛЕЈОФОТ НА ЛИГА ЕВРОПА

    ВАРДАР ПРОТИВ ФЕНЕРБАХЧЕ, ШКЕНДИЈА ПРОТИВ МИЛАН ВО ПЛЕЈОФОТ НА ЛИГА ЕВРОПАВардар и Шкендија на денешната ждрепка во Нион ги довија најтешките можни противници. (Фото: УЕФА/принтскрин)

    Двата македонските претставници во плејофот на Лига Европа пред малку ги добија противниците на ждрепката што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Вардар се падна со турскиот тим Фенербахче, додека Шкендија ќе игра со италијанскиот тим Милан.

    Вардар влезе во плејофот на Лига Европа, откако беше елиминиран од Копенхаген во квалификациите на Лигата на шампиони, додека Шкендија вчера го елиминираше Тракаи од Литванија во квалификациите на Лига Европа. Победниците во плејофот одат во фазата на групи на Лига Европа. Досега ниту еден македонски тим не се пласирал во групна фаза на европско фудбалско натпреварување.

    Натпреварите се играат на 17 и 24 август. И двата македонски тима треба да бидат домаќини на првите меча, но можно е да има промени на тој план.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира