ВИКТОР ИГО ЛОРИС – ПАРИСКОТО МЕТРО ГИ СМЕНИ ИМИЊАТА НА СТАНИЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТСКИТЕ ШАМПИОНИ

    ВИКТОР ИГО ЛОРИС – ПАРИСКОТО МЕТРО ГИ СМЕНИ ИМИЊАТА НА СТАНИЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТСКИТЕ ШАМПИОНИНа станицата „Виктор Иго“ е додадено презимето на голманот Иго Лорис, кој е капитен на француската репрезентација. (Фото: РАТП)

    Државната компанија РАТП која што стопанисува со париското метро преименуваше неколку станици во чест на победата на француската фудбалска реппрезентација во финалето на Светското првенство во Русија.

    „Берси сини“, „Виктор Иго Лорис“, „Имаме 2 ѕвезди“, „Нотр Дидје Дешан“ се новите имиња на станиците во Париз, откако РАТП се приклучи на прославата по триумфот на Франција против Хрватска со 4:2 во финалниот натпревар на „Лужники“ во Москва.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари