ЖЕНА ОД ЛАС ВЕГАС ГО ТУЖИ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЗА СИЛУВАЊЕ

    ЖЕНА ОД ЛАС ВЕГАС ГО ТУЖИ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЗА СИЛУВАЊЕТимот на Роналдо наводно ѝ платил 375.000 долари на Мајорга за да молчи

    Жена од Лас Вегас излезе во јавност и го обвини Кристијано Роналдо за силување, покренувајќи судска тужба против него.

    Како што стои во тужбата поднесена во Кларк Каунти, Невада, Кетрин Мајорга тврди дека еден од најдобрите светски фудбалери ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година, додека таа упорно го одбивала.

    Роналдо и Мајорга се запознале во ноќен клуб во Лас Вегас во 2009 година

    По нападот, тој ѝ се извинил на Мајорга, „додавајќи дека обично е џентлмен“, пишува во тужбата. Мајорга тврди дека ѝ биле платени 375.000 долари за да молчи за ова и сега вели дека правниот тим на Роналдо ја искористил нејзината чувствителна состојба во тој момент за да ја принуди да потпише таков договор.

    Адвокатите на Роналдо ги негираат овие обвинувања за силување, за кои прв пишуваше германскиот магазин „Дер Шпигел“ минатата година.

    „Тоа што го велат за мене се лажни вести. Тие само сакаат да се промовираат преку моето име. Сакаат да бидат славни така што ќе го искористат моето име. Но, тоа е дел од мојата работа. Јас сум среќен човек“, напиша Роналдо на Инстаграм.

    Мајорга го сретнала Роналдо во ноќен клуб на 13 јуни 2009 година, по што тој ја поканил во неговиот апартман, кадешто ја силувал во бањата, стои во тужбата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира