ЗИДАН ПО ВТОРПАТ ЈА НАПУШТИ КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИД

    ЗИДАН ПО ВТОРПАТ ЈА НАПУШТИ КЛУПАТА НА РЕАЛ МАДРИДЗидан се врати во Реал во март 2019, десет месеци откако неочекувано си замина (Фото: Гети)

    Зинедин Зидан објави дека ја напушта клупата на Реал Мадрид по сезоната во која клубот не освои ниеден трофеј.

    „Зинедин Зидан реши да го заврши својот тренерски престој во Реал Мадрид. Тој е еден од големите митови на Реал Мадрид и добро знае дека е во срцето на клубот, кој секогаш ќе биде негов дом“, соопшти клубот.

    Зидан, кој го носеше дресот на Реал од 2001 до 2006, се врати на клупата во март 2019, десет месеци откако неочекувано си замина по третото едноподруго освојување на Лигата на шампионите и во продолжението на сезоната го предводеше до 34. шампионска титула. Оваа сезона, клубот остана без трофеј за првпат од 2009/10.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира