ЗНАЕМЕ ДЕКА НЀ ГЛЕДА ОД ГОРЕ И ДЕКА Е ГОРД НА НАС – ЛЕЈКЕРС ЈА ОСВОИ 17. НБА ТИТУЛА ВО ЧЕСТ НА КОБИ БРАЈАНТ

    ЗНАЕМЕ ДЕКА НЀ ГЛЕДА ОД ГОРЕ И ДЕКА Е ГОРД НА НАС – ЛЕЈКЕРС ЈА ОСВОИ 17. НБА ТИТУЛА ВО ЧЕСТ НА КОБИ БРАЈАНТПо Мајами и Кливленд, Леброн Џејмс му донесе титула и на Лејкерс, прва по 10 години пауза (Фото: АП)

    Коби Брајант беше во мислите на сите откако Лос Анџелес Лејкерс ја освои првата титула во НБА по десет години пауза. Сега предводен од Леброн Џејмс, Лејкерс го совлада Мајами Хит со 106:93 во шестиот натпревар од финалето на плеј-офот и со вкупни 4:2 ја освои 17. шампионска титула, израмнувајќи се со рекордерот Бостон Селтикс.

    „Коби ни беше како поголем брат и ова го направивме за него. Знаеме дека нѐ гледа од горе и дека е горд на нас“, изјави една од ѕвездите на Лејкерс, Ентони Дејвис.

    Коби Брајант и неговата ќерка Џана загинаа во хеликоптерска несреќа во јануари, заедно со уште седум лица и целиот клуб ѝ ја посвети сезоната на својата легенда. Пред оваа сезона, Лејкерс не успеваше да се пласира во плеј-офот шест години по ред, а дното го достигна во 2015/16, кога оствари само 17 победи.

    Леброн Џејмс стана прв играч кој бил прогласен за МВП на НБА финалето со три различни клуба (по Мајами и Кливленд).

    „Би сакала Коби и Џана да беа тука да го видат ова“, напиша Ванеса Брајант на Твитер по завршувањето на мечот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира