100 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ КОВИД-19, БАЈДЕН КУПУВА ВАКЦИНИ И ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНОТО

    100 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРОТИВ КОВИД-19, БАЈДЕН КУПУВА ВАКЦИНИ И ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНОТОСАД имаат доволно вакцини за да ги имунизираат сите возрасни до средина на мај (Фото: Гети)

    САД стигнаа до бројката од 100 милиони дадени вакцини против ковид-19, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Околу 35 милиони луѓе се целосно вакцинирани со две дози, што е 13,5% од возрасното население.

    Во вкупната бројка влегуваат и 16,5 милиони луѓе кои биле вакцинирани за време на администрацијата на Трамп, додека Џо Бајден и побрзо од планираното би можел да го исполни предизборното ветување дека 100 милиони дози ќе бидат дадени во првите 100 дена од неговиот мандат.

    Од оние над 65 години, 32% примиле две дози, а 61% една. Околу 80% од смртните случаи од ковид-19 во САД се меѓу лицата постари од 65 години.

    Според ЦДЦ, вчера бил поставен нов рекорд во САД откако биле вакцинирани 2,92 милиона луѓе. САД досега имаат одобрено три вакцини: „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, за која треба само една доза.

    Бајден во меѓувреме нарачал уште 100 милиони дози од „Џонсон и Џонсон“, но и без тоа, САД веќе имаа доволно вакцини за да ги имунизираат сите возрасни до средина на мај. Од Белата куќа кажаа дека првиот приоритет на Бајден е да обезбеди сите Американци да бидат вакцинирани, пред евентуална дистрибуција на вакцини во други држави.

    Сакаме да бидеме преподготвени и преобезбедени“, изјави портпаролката Џен Псаки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира