13 ЧЛЕНКИ НА ЕУ ГО ОСУДИЈА НОВИОТ УНГАРСКИ ЗАКОН ПРОТИВ ПРОМОВИРАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА МЕЃУ МЛАДИТЕ

    13 ЧЛЕНКИ НА ЕУ ГО ОСУДИЈА НОВИОТ УНГАРСКИ ЗАКОН ПРОТИВ ПРОМОВИРАЊЕ НА ХОМОСЕКСУАЛНОСТА МЕЃУ МЛАДИТЕОвие земји го опишаа законот како дискриминирачки и спротивен на основните вредности на Унијата (Фото: Ројтерс)

    Тринаесет членки на Европската Унија го осудија новиот унгарски закон кој забранува промовирање на хомосексуалноста меѓу малолетниците, опишувајќи го како дискриминирачки и спротивен на основните вредности на Унијата.

    „Законските амандмани го повредуваат правото на слободно изразување под изговор дека се штитат децата“, се вели во заедничкото соопштение на Белгија, Холандија, Луксембург, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Ирска, Летонија, Литванија, Шпанија и Шведска.

    Тие ѝ порачаа на Европската комисија дека мора да ги искористи сите расположливи алатки за да го обезбеди почитувањето на европските закони.

    Унгарскиот парламент минатата недела усвои закон кој забранува децата и младите да имаат пристап до книги и филмови во кои се прикажува хомосексуалноста. Тој ги забранува и рекламите кои на младите им ги претставуваат хомосексуалците и трансродовите личности како нормален дел од општеството.

    Брисел истражува колку овој унгарски закон ги прекршува законите на ЕУ, но засега не може да каже колку долго ќе трае анализата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира