16 УНГАРСКИ УЧЕНИЦИ ЗАГИНАА ВО ЗАПАЛЕН АВТОБУС ВО ИТАЛИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Италија,(БИ-БИ-СИ)

    16 УНГАРСКИ УЧЕНИЦИ ЗАГИНАА ВО ЗАПАЛЕН АВТОБУС ВО ИТАЛИЈА

    Автобус со ученици од Унгарија доцна синоќа удри во столб на автопат близу Верона, северна Италија и се запали, при што загинаа најмалку 16 лица, соопшти утрово пожарникарската служба. Околу 39 повредени патници се пренесени во болница во Верона, а се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

    Автобусот се враќал за Будимшпешта од Франција, каде учениците, главно момчиња на возраст од 14 до 18 години биле на екскурзија. Не е познато зошто автобусот излетал од патот, а еден број ученици излетал надвор при судирот. Други беа заробени под автобусот кога се запалил, десетина од нив се во болница со тешки повреди. Меѓу жртвите би можел да биде и возачот, кој е француски државјанин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира