22 ЗАГИНАТИ, МЕЃУ КОИ И ОСУМЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО И ТРИ ДЕЦА, ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВО БЕЈРУТ

    22 ЗАГИНАТИ, МЕЃУ КОИ И ОСУМЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО И ТРИ ДЕЦА, ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВО БЕЈРУТВо центарот на Бејрут загинаа 22 лица, а повеќе од 100 беа повредени, додека висок функционер на Хезболах избегнал израелски обид за атентат во градот (Фото: Би-Би-Си)

    Во израелските напади вчера во центарот на Бејрут загинаа 22 лица, а повеќе од 117 беа повредени, соопштија либанските власти. Меѓу загинатите има и осумчлено семејство, вклучително и три деца, кои се евакуирале од југот. Вафик Сафа, кој ја предводи единицата за врски и координација на Хезболах одговорна за соработка со либанските безбедносни агенции, синоча беше цел на Израел но преживеа, рекоа безбедносните извори.

    Израел не издаде предупредувања за евакуација пред нападите и претходно не ја напаѓаше оваа област, која е подалеку од јужните предградија на Бејрут каде што штабовите на Хезболах постојано беа бомбардирани од Израел.

    На југот на Либан, двајца мировници на Обединетите нации беа повредени кога израелски тенк пукаше врз караулата во главниот штаб на силите во Накура, поради што ОН соопштија дека нивниот персонал се соочува со зголемена опасност.

    Конфликтот меѓу Израел и Хезболах избувна пред една година кога групата поддржана од Иран запона со ракетни напади како поддршка на палестинската милитантна група Хамас на почетокот на војната во Газа. Тоа драматично се засили во последните недели, со тоа што Израел ги бомбардира јужните предградија на Бејрут, јужниот дел и долината Бека, и уби многу од највисоките лидери на Хезболах.

    Во израелските напади во Либан загинаа најмалку 2.169 луѓе во текот на минатата година, соопшти либанската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира