31 ЖРТВА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ОД ИСТЕЧЕН ГАС ВО РЕСТОРАН ВО КИНА

    31 ЖРТВА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ОД ИСТЕЧЕН ГАС ВО РЕСТОРАН ВО КИНАПрво експлодирал резервоар со гас на приземјето од објектот, а потоа пукнала и цевка за гас на првиот кат. (Фото: Хсинхуа)

    Најмалку 31 лице загина синоќа во експлозија во ресторан истекување на гас, во кинескиот град Јинчуан. Седуммина се повредени, а еден од повредените е во животна опасност.

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг нареди опсежна истрага за експлозијата. Кинеските државни медиуми, повикувајќи се на информации од комитетот на Комунистичката партија во кинеската провинција Нинџија, јавуваат дека прво експлодирал резервоар со гас на приземјето од објектот, а потоа пукнала и цевка за гас на првиот кат.

    Во меѓувреме се уапсени девет лица, меѓу кои и менаџерот и еден од акционерите во ресторанот, како и други вработени. Градската управа на Јинчуан извести дека еден час пред несреќата еден од вработените и еден готвач почувствувале мирис на гас и утрвдиле дека е расипан вентил на резервоарот за гас. Друг вработен бил испратен да купи нов вентил. До експлозијата дошло, како што се вели, во моментот кога требало да се смени вентилот. Засега е непознато зошто ресторанот не бил евакуиран веднаш откако бил почувствуван мирис на гас. По несреќата се евакуирани луѓето од куќите околу ресторанот, како и хотел кој е во околината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира